279
Фудбалерот на Рома, Един Џеко сака да се пошегува, па и на своја сметка и така да ги насмее следбениците на социјалните мрежи.
Последната фора на капитенот на репрезентацијата на БИХ се појави на неговиот Инстаграм.
Един го претстави своето семејство, но онака како би изгледало во популарната анимирана серија „Симпсонови“.
„Паднаа“ и бројни коментари, меѓу кои и оној на хрватскиот фудбалер во Баерн, Иван Перишиќ кој напиша дека авторот најдобро ги насликал мускулите на нозете на Џеко.
Оваа слика доби повеќе од 50.000 лајкови.