351
Министерот за здравство, Венко Филипче утрово информира дека на Клиниката за Токсикологија биле примени 17 пациенти, од кои 11 поради алкохолизирана состојба.
-Седум од алкохолизираните биле малолетници на возраст од 14 до 17 години. После соодветен третман сите се добри и се пуштени дома, рече Филипче.
Од Клиниката додаваат дека 10 пациенти биле машки, а седум женски лица.