Единаесетгодишно дете извлечено од под урнатините на зграда во Николаев, било заробено со часови

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Единаесетгодишно дете е извлечено од под урнатините на повеќекатна зграда во Николаев, која беше погодена од гранатирање на руските сили, а потрагата по седум лица се уште трае, објави шефот на регионалната воената администрација Виталиј Ким.

„Вечерва градот Николаев беше цел на масовен напад со ракети С-300. Погодена е зграда од пет ката. Од под урнатините е извлечено единаесетгодишно момче. Детето поминало шест часа под урнатини“, напиша Ким утрово на Телеграм, пренесува „Интерфакс Украина“.

Претходно, градоначалникот на Николаив, Олександар Сенкевич, објави дека во гранатирањето на градот од страна на руските сили била погодена петкатна станбена зграда.

Слични содржини