Единиците на Росу се повлекоа од Јариње по 13 дена, но се уште се на Брњак

од Nikola Popovski
521 прегледи

По 13 дена, специјалните единици на косовската полиција Росусе повлекоа од преминот Јариње денеска околу 14.30 часот, во согласност со договорот во врска со регистарските таблички на возилата што беше постигнат на 30 септември во Брисел. Кога станува збор за административниот премин Брњак, единиците на Росу се уште не почнале да се повлекуваат.

Членовите на Росу се обидуваат на секој начин да останат во Јариње што е можно подолго, па барале од Србите не само да ја отстранат блокадата, туку и да ги отстранат шаторите покрај патот, како и камионот што исто така бил покрај патот со банерот „Добредојдовте во ЗСО“.

-Членовите на Росу на крајот се повлекоа во Приштина, пренесува Косово онлајн.

Во моментов, на Јариње е мирно и има повеќе новинари отколку луѓе, кои полека се повлекуваат во своите домови.

 

Слични содржини