Единствена Македонија: Ние сме последна шанса за нашата генерација

од Aleksandar Todeski
479 прегледи

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија со караванот насловен „Битка за Македонија“ денеска е во Битола на средби со граѓаните. Бачев заедно со членови од партијата подели околу 5.000 примероци од Платформата на Единствена Македонија, “Битка за Република Македонија”.

Од партијата се пофалија декаа битолчани им порачале дека определбите во Платформата се всушност последната надеж за Македонија и Македонците.

„Караванот „Битка за Македонија ќе го посети секое поголемо населено место во државата. Според планот, Платформата до 31.12.2019 во 100.000 примероци ќе биде поделена низ Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците. Ние сме последна шанса за нашата генерација“, велат од партијата.

Слични содржини