Едмонд Темелко на распит во Основниот суд Скопје 1

од desk3
90 прегледи

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој е еден од осомничените во акцијата на Специјалното јавно обвинителство наречена „Титаник“, во моментов е пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

osnoven-sud-skopje-11-860x680

Судијата на претходна постапка, по распитот на Темелко, треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на СЈО и ќе му одреди или не мерка притвор.

Како што информираат од судот, барањата за притвор на СЈО против другите седум осомничени се распределени кај судии кои треба да постапат по нив и да донесат одлука.

Првиот уапсен во „Титаник“ е Едмонд Темелко

Засега нема информации кога другите осомничени во случајот „Титаник“, за кои е побаран притвор, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Денеска во Специјалното обвинителство на прес-конференција беше посочено дека биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал, а сè за фалсификување на изборите.

 

МЕТА