Една балканска престолнина денес е четврт најзагаден град во светот

од Nikola Popovski

Според податоците од утринава на интернет страницата IQ AirVisual, индексот на загаденоста на воздухот во Сараево е 198, што го рангира меѓу четирите најзагадени градови во светот во моментов.

Прв на листата на најзагадени градови е Делхи во Индија со индекс на квалитет на воздухот 317, потоа Лахоре во Пакистан каде индексот на загаденост е 287, а трета е Дака во Бангладеш со индекс 208.

Сараево е четврти град на листата, а индексот на загаденост кој е 198 е зголемен во однос на вчерашните податоци кога изнесуваше 158.

Според овие податоци, главниот град на Босна и Херцеговина е во „црвената зона“, што значи дека воздухот е оценет како нездрав (индекс на квалитет 151-200), пренесува „Klix.ba“.

Согласно тоа, во насоките на ЈЗУ на КС се нагласува дека во вакви ситуации се препорачува за сите категории на население да престанат со стресни и рекреативни активности, особено наутро и навечер, кога загадувачите подолго се задржуваат во атмосферата.

Најзагрозени категории на население се бремените жени, старите и децата, лицата со респираторни и срцеви проблеми и тие треба да останат во затворени простории.

Слични содржини