На прашањето дали нов партнер во Владата ќе биде Алијанса на Албанците, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека на гласини никогаш не функционирал.
-Секогаш сакам да функционирам на основа на факти и на политички програми и вредности. На лидерската средба можеа да ги искажат своите ставови во однос на крупните прашања. Разговаравме за економската криза, уставните измени. Можам да кажам дека најголем дел од партиите се за продолжување на европскиот пат и исполнување на нашите обврски, рече Ковачевски на прес-конференција.
Според него, има една или две политички партии кои што не се сериозно заинтересирани за европскиот пат на земјава.
-Јас нема да ги кажувам, нивните лидери треба да ги кажат, бидејќи сметам дека после лидерска средба, секој лидер треба тоа да го каже. Добро е што седнавме, има разлики со две партии, но кога ќе се седне и разговара, тогаш сметам дека постојат можности за зближување на ставовите. Во однос на Алијанса на Албанците, која во својата програма и своите јавни настапи има ставови кои се прогресивни во делот на продолжување на европскиот пат и борбата против корупцијата и владеењето на правото, но во моментов не се разговарало за соработка околу приклучување кон Владата. Ме радува дека ставовите кои што се однесуваат на иднината на Македонија имаат поддршка во партијата АА, додаде премиерот.