Повеќето луѓе се запознаени со здравствените придобивки од медот, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите упатствата на нашите постари и навистина земате по една кафена лажичка секое утро? Како што се поголем број луѓе го исфрлаат белиот шеќер од нивната исхрана, популарноста на медот почна да расте.
Нутриционистите советуваат да го додадете во овесна каша, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е и сосема природен.
Ако веќе не сте решиле да го вклучите во толкава мера во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една кафена лажичка мед секој ден – оваа едноставна рутина има бројни придобивки за нашето тело.
Редовното консумирање мед го зајакнува вашиот имунолошки систем, но ова е само еден од многуте корисни ефекти на оваа храна.
Медот ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам. Покрај тоа, го подобрува варењето и регенерацијата на ткивата и ја поддржува регенерацијата на крвните елементи.
Медот има антибактериско дејство, го подобрува исфрлањето на токсичните материи од организмот, а делува и против стресот.