Дури и ако не го следите модниот свет, не е можно да не знаете за Џиџи и Бела Хадид, кои се едни од најпознатите и најплатените модели во светот.
Но, постојат и факти кои се малку познати за јавноста или пак, никој досега не слушнал за нив.
Во продолжение, дознајте интересни нешта за познатите Џиџи и Бела:
1. Бела Хадид обожава коњи и јавање, ова хоби ѝ е дури и поомилено од професијата како модел.
2. Вистинското име на Џиџи всушност е Јелена, а таа го користи прекарот бидејќи е интересен и препознатлив.
3. Џиџи првпат позирала пред камера на 2-годишна возраст, за колекцијата Baby Guess.
4. Нивниот татко Мухамед е милионер, а мајка им Јоланда била модел кога била млада, па ги научила добро на овој занает.
5. Нивниот брат Анвар е во врска со пејачката Дуа Липа. Тој е и модел и музичар.
6. Членовите на семејството Хадид иако се занимаваат со слични професии, никогаш не се гледаат себе како конкуренција едни на други.