Во периодот на  2014 и 2018 година, САД се одговорни за една третина од светскиот извоз на оружје, или кажано попрецизно САД доставуваат оружје за 98 земји ширум светот.

 

Ова го покажуваат податоците од извештајот на Stockholm International Peace Research Institute.

  Според податоците, петте најголеми извозни земји учествуваат со три четвртини од извозот во истиот период.

Историски гледано, САД и Русија отсекогаш биле блиски во производството и извозот. И додека двете земји сé уште се наоѓаат на првите две позиции, САД успеа да го зголеми своето водство во текот на овој период.

Помеѓу 2009 и 2013 година, извозот на САД е 12% повисок од Русија, меѓу 2014 и 2018 година јазот сега изнесува 75%.

Земјите во Азија и Океанија се најголеми увозници. Средниот Исток е на втората позиција  и  забележувајќи најголемо зголемување и побарувачка.