Една третина од жртвите во нападот во Ница се муслимани

од desk3
95 прегледи

Најмалку 30 отсто од луѓето убиени во терористичкиот напад во Ница минатата седмица, биле муслимани, соопшти денеска локалната исламска организација Сојуз на муслиманите во Алп Маритим.

London_Muslims_3201119b

Портпаролката на Сојузот изјави дека за барем една третина од жртвите во толпата која го чествуваше националниот празник на Франција, се организирани муслимански погреби, пренесува „Њујорк Тајмс”.

Париското обвинителство соопшти дека идентификацијата на сите 84 убиени лица во нападот завршила денеска.

Бројот на ранетите во нападот се искачи на 308.

Одговорност за нападот презеде ИД./МИА