Една врата се отвора, друга се затвора: Сојузот на средношколци поддржан од Алијанса и Алтернатива, а одбиен од собраниската комисија

358 прегледи

Поддршка за барањата на Сојузот на средношколци пристигна и од Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои истакнаа дека треба оваа година да се полагаат два предмети, односно мајчин јазик и предмет кој ќе биде од областа која матурантот понатаму ќе ја студира.

„Ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива го поддржуваме барањето на Сојузот на средношколци уште повеќе поради тоа што тие веќе апелирале од нивното првобитно барање. Нивното првобитно барање беше да се отстрани државната матура како што се случи и лани. Бидејќи лани учениците онлајн учеа само едно полугодие и немаше матура. Министерството за образование и наука со декрет ја укина матурата, а додека оваа година цела година учениците се на онлајн настава. Унијата на средношколци предложија да има матура, но наместо четири предмети да полагаат два како францускиот модел. Во Франција, државна матура ќе се одвива само со еден предмет и за да го запазат Уставот и законите, освен професионалниот предмет што ќе имаат можност да изберат самите матуранти ќе полагаат и предмет мајчин јазик. Ние како коалиција укажуваме дека не сме подготвени за таква платформа и испадна дека сме во право. Барањето не е да се укине тотално државната матура, туку да се намали бројот на предмети“, рече пратеникот, Халил Снопче по средбата со претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи.

Оттаму, коалицијата ветила дека во доменот на своите можности ќе помогне да им се излезе во пресрет на средношколците.

Истовремено, претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, истакна дека оствари средба и со претседателката на собраниската комисија за образование, од каде не произлегол компромис и позитивен одговор на нивните барања.

Слични содржини