Рускиот фонд за директни инвестиции и индиската фармацевтска компанија „Хетеро“ постигнаа договор за производство на повеќе од 100 милиони дози од првата регистрирана вакцина против коронавирусот „Спутник V“.
Според зборовите на директорот на Рускиот фонд, Кирил Дмитриев, почетокот на производството на руската вакцина во Индија се очекува на почетокот на 2021 година.
„Спутник V треба да стане составен дел од сите национални вакцини во земјите во светот кои сакаат да се заштитат од коронавирусот. Благодарение на индиската компанија, драстично ќе го зголемиме производствениот капацитет на вакцината, што ќе ѝ овозможи на Индија да добие ефикасен препарат за време на пандемијата“, рече тој.
Тој исто така потсети дека според последните анализи во рамките на клиничките испитувања, потврдено е дека ефикасноста на вакцината „Спутник V“ е 91,4 отсто по 28 дена земање, а 95 отсто по 42 дена.
Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.