Едни извикуваа: Иванов! други го исвиркаа

од desk2
195 прегледи

 

На прославата на Илинден во Крушево на Мечкин Камен, додека се обраќаше претседателот Ѓорге Иванов, дел од присутните го исвиркуваа кога тој зборуваше за договорот со Грција, со кој смета дека нема да се смени само името, туку и идентитетот, институциите и друго.


Речиси едновремено група присутни почнаа да го извикуваат неговото име во знак на поддршка.

Иванов во говорот посочи дека договорот со Грција е штетен за Македонија. Цитираше мисли на големи македонски дејци како онаа на Блаже Коески: „Големо ни е името, ќе посакаат да ни го земат!.“