Едно е битките за својот народ да ги водиш од дома, друго е да организираш државен удар од промосковскиот дел на Будимпешта, вели Жерновски

од Nikola Popovski
195 прегледи

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски ги осуди синоќешните насилни протести и инциденти пред зградата на Собранието.

-Едно е да протестираш мирно и достоинствено, друго е да провоцираш и да напаѓаш полицајци. Едно е да го изразиш својот став за одредена тема пред државна институција, друго е да сакаш насилно да влезеш во неа. Едно е вистински да си ја сакаш земјата и државата, друго е да си дежурен фолклорен патриот кој го интересира само власт и пари. Едно е битките за својот народ да ги водиш дома, друго е од промосковскиот дел на Будимпешта да организираш и подржуваш државни удари, објави Жерновски на социјалните мрежи.

Слични содржини