Едно лице загина, а 69 се повредени во земјотресот во Турција

од Radmila Tasevska
99 прегледи

Во денешниот земјотрес во близина на турскиот град Малатија, едно лице загина, а 69 се повредени, соопшти директорот на Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), Јунус Сезер.

„Спасувачките операции се интензивираат во пет згради. Речиси на секои три минути се соочуваме со последователни потреси. Ги советувавме граѓаните да се држат настрана од претходно оштетените згради, бидејќи тие се уриваат“, рече Сезер, објави весникот „Хуриет“.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди областа Јешиљурт кај градот Малатија.

Слични содржини