Едно лице загина откако руските сили бомбардираа бензинска пумпа

од desk4
232 прегледи

28-годишнно момче е убиено денеска во руски напад на бензинска пумпа во источна Украина.

Украинското државно обвинителство соопшти дека руските војници го бомбардирале градот Торецк околу 11.30 часот.

Во објава на Телеграм, канцеларијата соопшти дека една од воздушните бомби погодила бензинска пумпа, при што загинал 28-годишен работник, а биле повредени осум цивили.

Втората бомба погодила административна зграда во градот, повредувајќи локален жител, се вели во соопштението на Телеграм.

Полицијата и спасувачите работат на местото на настанот за да го идентификуваат конечниот број на жртви.

Слични содржини