Eдно лице загина во напад врз џамија близу Џенин, неколку се ранети

од Vladimir Zorba

Едно лице загина, а неколку се повредени во израелски напад врз џамија во близина на бегалскиот камп во градот Џенин на Западниот Брег, соопшти денеска палестинската Црвена полумесечина.

Израелската армија претходно потврди дека рано утринава по локално време извршила воздушен напад врз џамија во Џенин, со цел да спречи „неминовен терористички напад“, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Џонатан Конрикус, изјави за Си-Ен-Ен дека израелската војска добила разузнавачки информации кои „сугерираат дека постои ризик од непосреден напад од заеднички одред на Хамас-Исламски џихад“, кој се подготвува во подземен команден центар под џамијата Ал – Ансар.

Слични содржини