Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера утрината на експресниот пат Штип – Кочани, при што едно загинало.
-Вчера (07.10.2025) во 09.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на с.Горни Полог, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ во кое се превезувале четири лица и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, во кое бил само возачот, информираат од МВР.
Од полицијата информираа дека сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани.
Според информации во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се здобиле со полесени телесни повреди, додека еден од патниците поради сериозноста на повредите бил пратен на скопските клиники каде подоцна им подлегнал на повредите.
-Сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани, по што Б.Д.(33), Х.М., Д.З. и И.М. се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза”, а И.М. била пренесена во приватна болница во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди, потенцираа од МВР.