Во пожар кој избувна денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово животот го загуби едно лице.
– На терен се упатија две екипи од противпожарната единица, со шестмина пожарникари зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување и човекот починал, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот. Во моментов пожарот е под контрола, екипите работат на негово догасување.