Едно лице загина во екплозија во погон за муниција во Мисури

од desk2
151 прегледи

 

Најмалку едно лица загина, а три се повредени во експлозија во погон за муниција во американската држава Мисури.

 

Командата на американската војска соопшти дека експлозијата се случила вчера во градот Индепенденс во воениот погон Лејк Сити.

Портпаролката на командата изјави дека засега нема други информации за инцидентот.

Во овој погон се произведува муниција од мал калибар, а во негови рамки е и полигонот за тестирање на НАТО.