Едно лице загина во заложничка драма во супермаркет во Франција

од desk2
107 прегледи

 

Непознат маж, кој тврдел дека ѝ припаѓа на Исламска држава, држел најмалку еден човек за заложник во супермаркет во југозападна Франција, а како што пренесуваат дел од француските медиуми, заложничката драма завршила, но нема детали за напаѓачот ниту за други жртви.

Според некои француски медиуми, напаѓачот, за кој се верува дека е од мароканско потекло, сè уште се наоѓа во маркетот со еден полицаец, кој најверојатно се обидува да го разубеди да ѝ се предаде на полицијата.

Претходно, полицаец бил застрелан во близина на инцидентот во супермаркетот, додека трчал со неговите колеги, но не бил сериозно повреден. Останува нејасно дали тој случај е поврзан со заложничката драма.

Обвинителството надлежно за тероризам покрена истрага, а премиерот Едуард Филип вели дека ситуацијата на југот на Франција е многу сериозна.