Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

од Vladimir Zorba

Собранието едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се гарантира слободата на изразување.

Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета, соопшто министерството за правда.

Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.

Слични содржини