Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.
Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:
1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;
2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;
4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.