554
Состојбата во болницата во Козле е стабилна, во моментов имаме околу 20 позитивни деца . Четри од нив се на кислородна поддршка, вели директорот на болницата д-р Бесник Зеќири во Утрински Брифинг.
-Најмалиот пациент е едномесечно бебе . Од школската група има вкупно 15 деца откако е почната училишната година малку е зголемен бројот на децата од 16 годишна возраст.Помалите деца имаат и придружба од свој родител. Најголемиот дел од родителите односно 80 проценти од нив се позитивни и се лекуваат заедно со децата, вели Зеќири.