Едноставен тест кој открива за каква работа сте родени

од Vladimir Zorba

Ако сакате да донесете одлука за идна професија или само сакате да проверите дали сте ја пронашле вистинската работа, внимателно разгледајте ги овие пет форми.

Наредете ги од оној што ве привлекува најмногу до оној кој најмалку ве привлекува.

КРУГ

Најважно за вас е да развиете добри односи со колегите. Имате разбирање за секого, вие сте многу емпатични. Она што ве спречува се недостатоци како неодлучност, мрзеливост и самообвинување.

Идеални работни места: работник за човечки ресурси, домаќинка, писател, учител, уметник, сектор за маркетинг, историчар, угостител.

КВАДРАТ

Ве карактеризира трпеливост и методичка работа. Работите напорно, не оставајќи ги работите незавршени. Премногу внимание посветувате на деталите, а тоа понекогаш ве успорува во донесувањето важни одлуки. Во размислувањето, повеќе користите логика отколку интуиција. Подготвени сте да поминете часови анализирајќи како да постигнете решение.

Идеални работни места: сметководител, шалтерски службеник, програмер, градежен работник, лекар, инженер, секретар, трговец, возач.

ТРИАГОЛНИК

Вие сте роден менаџер. Учите брзо, анализирате, донесувате одлуки. Полни сте со самодоверба, се трудите да бидете во право и не ги признавате своите грешки. Ги одржувате работите под контрола, вие сте самокритични, иновативни. вашата маана е нетрпеливост.

Идеални работни места: претприемач, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, архитект.

ПРАВОАГЛНИК

Вие сте љубопитни и храбри. Не се двоумите да прашате нешто што другите не би смееле или да се обидете нешто ново. Не можејќи да ги видат нивните квалитети, тие постојано се бараат себеси, талкаат од една во друга професија.

Идеални работни места: аниматор, претприемач, иноватор

ЦИК-ЦАК

Имагинацијата и креативноста се вашата силна страна. Вие сте избалансирани и знаете како да ја препознаете внатрешната убавина. Вие сте полни со идеи, но ви недостасува фокус да направите некои од нив да станат реалност.

Идеални работни места: уметник, пронаоѓач, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.

Слични содржини