Јагодите се вкусни, многу добри за здравјето, но нивната „мана“ е што многу брзо скапуваат- по ден-два откако ќе ги купите стануваат меки и нагмечени.
Сепак, тиктокерката Стеф Џиглиоти воодушеви повеќе од милион луѓе кога го сподели својот едноставен трик, со помош на кој јагодите остануваат свежи и до две до три недели.
„Наидов на овој трик пред неколку месеци, па во меѓувреме го тестирав и навистина функционира. Ако ставите овошје, како јагоди, во стаклена тегла и го чувате во фрижидер, ќе остане свежо две до три недели“, вели таа.
Откако е објавено, видеото „заработи“ повеќе од милион лајкови и неколку стотици коментари, во кои луѓето велеа дека веднаш ќе го пробаат овој совет.
Исто така можете да ја зачувате и свежината на јагодите ако додадете малку оцет во водата и ги потопите околу 20 секунди, потоа измијте ги.