Едноставен трик за чистење дамки од кафе

од desk4
199 прегледи

Ако случајно ви се истурило кафе и сте се извалкале, еве решение – едноставен трик со кој ќе ги отстраните несаканите дамки. Само следете ги следниве чекори

  1. Соберете го вишокот – со хартија или крпа која впива, веднаш соберете го вишокот од истурената течност.
  2. Утврдете кој материјал е – веднаш соблечете ја облеката и на етикетата видете од каков материјал е направена. Кафето ќе лесно ќе помине низ природни влакна како памук и лен, додека полиестерот и сличните материјали ќе имаат само површинска дамка. Природните материјали треба да ги третирате подолго за да ја отстраните дамката.
  3. Потопете ја облеката во раствор од топла вода, прашок и оцет – водата не треба да биде врела, туку топла. Наполнете еден сад и додајте лажица прашок за перење и лажица бел оцет. Добро измешајте додека се создаде сапуница. Потопете ја извалканата облека уште најмалку 15 минути. Потоа проверете дали треба уште малку да стои и по потреба истријте со четка со уште малку прашок.

 

Слични содржини