233
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се договорил со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, за продолжување на дијалогот меѓу двете земји за спорните прашања.
Ердоган, кој се состана со Мицотакис на маргините на самитот на НАТО во Брисел, смета дека не се потребни никакви посредници за време на разговорите меѓу двајцата, објави „Катимерини“.
Анкара и Атина долго време беа во расправија за некои прашања, од конфликтот околу медитеранските територии, преку воздушниот простор, до миграцијата.
Сојузниците на НАТО минатата година беа блиску до конфронтација, нарушувајќи ги односите меѓу Европската унија и Анкара, додава Ројтерс, а пренесува Танјуг.