Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов вели дека се бараат можности за да се најде решение за проблемот со блокадите на приватните превозници. Тој не може да каже кои мерки ќе се преземат.
-Ја следиме ситуацијата, непријатна е. Преголеми штети трпат граѓаните заради некакво самоволие кое е присутно на улиците. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје. Протестот треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат. Секој по половина час во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови и бизниси, што е огромна штета за граѓаните, рече Пенов од Струмица.
Денес е втор ден како приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ги паркираа своите автобуси на критични сообраќајни точки во Скопје и го парализираа градот. Приватниците бараат ЈСП Скопје да им го исплати долгот кој заклучно со месец октомври е 1,5 милиони евра.