Едвард Џозеф :Македонија и грешката на недораснато лидерство и балканска корупција

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Поранешниот претставник на Меѓународната кризна група за Македонија, Едвард Џозеф, цени дека меѓународниот фактор треба да посвети постојано внимание во земјава. Оваа теза ја брани во текст за влијателниот магазин „Форен Аферс“, каде има и детална анализа за политичките случувања но и последните настани од Куманово.

194002

Според Џозеф, македонската приказна е типична пример за последиците од повременото, наместо константно внимание. Грешката, и за Македонија и за другите балкански земји, ја гледа во тоа дека прерано е дадена голема одговорност на балканските лидери.

-„Вашингтон прерано ја предаде главната одговорност за Балканот на ЕУ, која пак прерано им даде главна одговорноста на лидерите во регионот. Без значајни ЕУ- „моркови“ или „стапови“ за да го контролира нивното однесување, политичарите ги консолидираа своите коруптивни мрежи, ги заплашија медиумите, давајќи отпор кон суштинските реформи“, вели Џозеф.

Во анализата за Македонија, Џозеф цени дека Никола Груевски изгледа подготвен да се бори до крај, соочен со судските но и лични последици по него по бомбите на опозицијата. Истовремено, смета дека мотивите за настаните во Куманово, се во најмала рака мистериозни.

-„ Иронично, престрелката меѓу Македонската полиција и наводните албански радикали доаѓа во време кога меѓуетничките односи бележат импресивни чекори напред. За прв пат во нејзината 24 годишна историја како модерна независна земја, етничките Албанци и Македонци излгедаат во голема мера сплотени во борбата против восприемената диктатура. Кога речиси сите телевизии се под владина контрола, токму АЛСАТ, телевизија во сопственост на Албанец, е таа која ги емитува прислушуваните разговори и нуди значителен простор во етерот за гласовите на опозицијата, што е извонреден пример на солидарност“, смета Џозеф.

Преку примерот на Македонија, Џозеф го потестува Западот на лекцијата од поранешна Југославија. Ако пропуштите веднаш директно да се соочите со суштинските проблеми, на крајот, ќе бидат многу потешки за решавање.