Едвардс: Само да освојам прстен и ќе ја завршам кариерата во НБА

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс за ESPN зборуваше за одличната сезона зад себе, но и за неговите планови за во иднина.

Едвардс одигра многу добро во изминатата година, толку многу што американските медиуми го споредуваа со легендарниот Мајкл Џордан.

Сепак, неговиот тим не успеа да дојде до титулата, иако претходно го елиминираше Денвер на Никола Јокиќ, кој важеше за еден од фаворитите за победа.

Ентони навистина сака да освои прстен во НБА, а потоа да се префрли на друг спорт!

Иако звучи нереално, кошаркарот на Минесота во разговор за ESPN откри дека кога ќе ја освои титулата ќе стави крај на својата кошаркарска кариера, бидејќи има страст за друг спорт.

„Можев да бидам професионалец во американскиот фудбал. Бев многу добар, јас бев најдобриот „ранинг бек“ во земјата кога имав девет или десет години. Престанав да играм американски фудбал затоа што ги видов моите браќа како играат кошарка и во тоа време ми изгледаше позабавно“, изјави Едвардс.

Слични содржини