ЕФН го поддржа ЗНМ: Да се преиспита одлуката на судот за случајот со новинарот Трпеноски од 27-ми април

од Nikola Popovski
385 прегледи

Европската федерација на новинари (ЕФН )и нејзината членка, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го оспоруваат толкувањето на Граѓанскиот суд за новинарот Горан Трпеноски кој вчера бил одбиен од судот во Скопје кој не му го признал статусот на новинар и го повикуваат уште еднаш да ја разгледа својата одлука.

„Горан Трпеноски известуваше за настаните на 27 април 2017 година за онлајн  медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk). Откако кон него беа упатени закани се одлучи да поднесе тужба за попречување на правото за пристап до информации и нанесената психолошка штета. Вчера, во својата пресуда, судијката Јованка Спировска Панева објасни дека во тоа време Трпеноски не бил новинар затоа што работел за онлајн медиумот (sdk.mk), што според Законот за медиуми не се смета за медиум. Понатаму во оваа пресуда, судот не го признава правото на информација како уставно право“, стои во соопштението на ЗНМ.

ЕФН и ЗНМ сметаат дека со оваа пресуда се кршат европските правни стандарди за слобода на печатот, дефинирани од Европскиот суд за човекови права. Оваа пресуда ја прекрши и судската пракса на Апелациониот суд во Македонија со која се потврди дека не треба да им се ускрати позицијата на новинар на професионалците кои работат во интернет медиумите. ЕФН се приклучува на нејзината членка ЗНМ во барањето да се преиспита оваа пресуда со која се нарушува слободата на печатот.

Слични содржини