Ефремов останува на слобода, доби прекин на казната за уште 4 месеци

од desk2
78 прегледи

Поранешниот разузнавач Маријан Ефремов, првообвинет во случајот „Шпион“, пред еден месец излезе од затворот „Идризово“, откако доби прекин на казната во рок од 30 дена заради лекување, и понатаму останува на слобода. Иако овој рок е поминат, тој нема да се врати во затворот, бидејќи судот донел одлука да му го продолжи прекинот на казната.

Ефремов во затворот издржува 10,6 годишна казна, а досега зад решетки помина повеќе од четири години.

-Судија за извршување на санкциите донел решение за прекин на казната во рок од четири месеци заради лекување, не информираа од Кривичниот суд, додавајќи дека доколку во рок од три дена никој не го обжали ова решение ќе стане правосилно.

Од СЈО за Фокус потврдиле дека тие, како застапници на обвинението за случајот „Шпион“, дале позитивно мислење да му се продолжи прекинот на Ефремов.