Ефтов: Како држава правиме еден чекор напред, а два назад и тоа постојано се случува

од Nikola Popovski

Не знам дали е проклетство, но сметам дека е како жива кал. Како онаа народната „некој преку ден нешто прави, а преку ноќ разградува и обратно“, вели новинарот Васко Ефтов во емисијата „Само интервју“, на прашањето дали системот е виновен за трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Според него, ние како држава правиме еден чекор напред, а два назад и тоа постојано се случува.

-Ласкарци, модуларната болница, Стајковци… Имаме премногу големи проблеми, иако изгледаат ситни како кој имал или немал лиценца. Ако не беше трагедијата, автобусот ќе возел уште две години. Тој влегувал во Бугарија и Турција, а во Ќустендил е регистрирана компанијата за 18.000 лева. Во Турција има дури четири филтри за влез и излез. Ова бил невидлив автобус кој шетал низ Балканот, рече Ефтов.

Слични содржини