Ефтов: Вие собирате пари цела година за 15 дена одмор, а тие можат да живеат 4 години во Будимпешта

од Берта Китинска
456 прегледи

Новинарот Васко Ефтов восвојата емисија „Во Центар“ ги прокоментира случувањата околу спорот со Бугарија и вчерашната посета на премиерот Зоран Заев во Софија, каде се сретна со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и државниот врв на земјата.

Според Ефтов, црната листа на американскиот претседател Џо Бајден јасно ги отцртува границите на американското влијание на Балканот, и кој се прави „херој“ и нема да се согласи со таа политика, ќе заврши во политичката историја – нешто што му се случи,според негона екс-премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а слична судбина му предвидува токму и на Борисов, поради ветото кон С.Македонија за старт на преговори со ЕУ.

– Веќе е јасно дека американската стратегија, со извршната наредба на Џо Бајден е дефиниран просторот и секој кој мисли дека на овој простор може да биде спроведуванодруго влијание, на Кина, на Русија, влијание кое ќе биде спротивно на НАТО интересите,односно американските интереси на Балканот, ќе заврши неславно и така ќе биде пуштен низ вода во историјата. Така заврши Никола Груевски, Бојко Борисов сега сеплаши дека ќе заврши бетер од Груевски и самиот се нуди да биде кандидат – таму каде што плукал, и тој да го тргне бугарското вето и Македонија да почне преговори со ЕУ. Така завршуваат хероите на Балканот, вели Ефтов.

Порачува до граѓаните да не дозволуваат „тие херои да ги лажат“.

– Тие херои не мислат на вас, не мислат на вашите семејства и на вашите деца, мислат само на себе. Вие не можете 15 дена да одите на одмор, собирате пари цела година,а тие можат да живеат 4 години во Будимпешта, додава Ефтов.

Слични содржини