Египет го одбил предлогот на ЦИА привремено да управува со Појасот Газа по војната

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно, го отфрлил предлогот на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, Каиро да ја преземе привремената безбедносна администрација на Појасот Газа по војната додека палестинската управа не биде подготвена да ја преземе контролата. Весникот „Тајмс оф Израел“ се повикува на американски медиуми.

Египетскиот претседател му рекол на Барнс дека Египет нема да игра улога во елиминацијата на Хамас, кој ја има власта во Појасот Газа, бидејќи палестинските милитанти помогнаа границата на Египет со енклавата да се одржи релативно мирна во последниве години, изјавија високи египетски официјални лица за „Волстрит журнал“ под услов анонимност.

Абдел Фатах ел Сиси и директорот на Централната разузнавачка агенција се сретнале во вторник во Каиро за да разговараат за воената операција на Израел во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство.

За време на средбата, египетскиот претседател го повтори повикот за итен прекин на огнот за заштита на цивилите и за „непречен проток на хуманитарна помош“, изјави портпаролот на египетскиот претседател, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини