Египетскиот суд ја потврди заплената на бродот кој го блокираше Суецкиот канал

од Stefanija Kuzmanovska

Египетскиот суд денеска го потврди запленувањето на бродот кој неодамна го блокираше Суецкиот канал и ја отфрли жалбата на сопственикот на бродот.

Властите во Египет го запленија огромниот брод „Ever Given“, кој го блокираше поморскиот сообраќај на Суецкиот канал една недела во март, со што беше запрен сообраќајот вреден неколку милијарди долари.

Раководството на Суецкиот канал објави дека бродот нема да смее да ја напушти земјата се додека не го плати обештетувањето. Управата побара обештетување од 916 милиони долари.

Долг колку четири фудбалски игралишта, бродот кој превезуваше товар помеѓу Азија и Европа се насука во март во тесниот вештачки канал кој ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров.

Бродот престана да се движи низ Суецкиот канал каде поминува повеќе од 10 проценти од меѓународната поморска трговија. Повеќе од 300 бродови чекаа на двата краја на каналот што ги поврзува Црвеното Море и Медитеранот.

loading...

Слични содржини