Египќаните го нападнаа Салах поради кралицата Елизабета: „Прашај го дедо ти, па после објавувај“

од Nikola Popovski
240 прегледи

ОВОЈ понеделник цела Велика Британија се прости од покојната кралица Елизабета Втора. Пораки со поддршка со изразување сочувство до нејзиното семејство пристигнаа од целиот свет, а една од нив дојде од ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Имено, египетскиот репрезентативец преку социјалната мрежа Инстаграм се прости од починатата кралица, која владееше со Обединетото Кралство од 1953 година.

– Денеска граѓаните на Велика Британија и ширум светот оддаваат почит и се збогуваат со нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, одбележувајќи го нејзиното наследство и посветена служба. Моите мисли се со кралското семејство на овој историски и емотивен ден – напиша меѓу другото Салах, а таа реченица предизвика вистинска бура во неговиот роден Египет.

Египет не може да и ја прости Суецката криза.

Египќаните, пред сè, ја обвинија Елизабета Втора за воената агресија на Велика Британија, Франција и Израел во 1956 година поради контролата на Суецкиот канал. Изграден е во 1859 година, а во 1882 година делови од Суецкиот канал биле купени од Британците. Дури во 1922 година се вратил во владение на Египет, кој стекнал независност по падот на Отоманската империја.

Британците потоа се вратија и беа таму од 1936 до 1951 година, а подоцна египетскиот претседател Гамал Насер го национализира каналот (1956 година). Поради тоа, избувна војната против Египет, кој излезе како победник од кризата во Суецката.

Улогата што некогаш ја имаше покојната кралица поттикна лавина следбеници на Салах да го нападнат поради неговата порака за сочувство.

„Што е со тебе?“, „Прочитај што им направи на Арапите и нејзината приказна пред да објавиш вакво нешто“, „Таа буквално нè заебаваше и нас и целиот свет“, „Прашај го дедо ти што направила, па тогаш објави ја оваа фотографија“, „Слушај Мо, јас те поддржувам од 2014 година и ќе продолжам да те поддржувам затоа што претставуваш сон што некогаш беше мој и сон на многумина од нас Египќаните. И знам дека ви беше кажано да го направите тоа, да објавите но не можеме да го оправдаме фактот дека таа што ја започна тројната агресија во 1956 година“, се само дел од коментарите на Инстаграм под објавата на Салах.

Слични содржини