Литванскиот кошаркар Минаугас Кузминкас го напушти тимот на Зенит од Санкт Петербург поради војната во Украина.
По дојавата дека Миндаугас Кузминскас решил да го напушти Зенит од Санкт Петербург, уште тројца литвански државјани – Казис Максвитис, Мариус Григонис, Артурас Гудаитис го направиле истото и ќе ги напуштат своите руски тимови, наведува порталот „Баскет њуз“.
Гудаитис му се придружи на Кузминскас во одлуката да го напушти Зенит, кој претходно го напушти Американецот Шабаз Напиер. Григонис ја напушти ЦСКА Москва, со која потпиша тригодишен договор во јуни 2021 година.
И неговиот соиграч грузиецот Торнике Шенгелија реши да ја напушти Русија и неговата иднина во ЦСКА останува под знак прашалник, бидејќи е демантирано дека го раскинал договорот.
Засега никој од нив официјално не се огласил поради вонредната состојба. Според истиот извештај, играчите разговарале за можностите и начините за раскинување или суспендирање на договорите со нивните агенти, Здружението на играчи од Евролигата (ЕЛПА), самата Евролига и ФИБА.
И без да се чекаат конечните одлуки, тие се решени да ја напуштат Русија, а Миндаугас Кузминскас веќе се врати во Литванија.
Казис Максвитис, кој е селектор на литванската репрезентација и тренер на Парма од Перм, својата одлука ќе ја соопшти по завршувањето на квалификациите за Светското првенство, соопшти Кошаркарската федерација на земјата.