ЕГЗОДУСОТ ПРОДОЛЖУВА: 42.500 луѓе избегаа од Нагорно-Карабах

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Според официјалните податоци, повеќе од 42.000 луѓе досега го напуштиле регионот Нагорно-Карабах, откако Азербејџан ја презеде контролата врз регионот со брза воена операција.

Околу 42.500 луѓе пристигнаа во Ерменија, рече Назели Багдасарјан, прес-секретар на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, на прес-конференција во средата.

Багдасарјан рече и дека е изграден прифатен камп во селото Корниџор, а ерменската влада ветила дека ќе обезбеди засолниште за сите бегалци.

Корниџор се наоѓа во близина на коридорот Лашин, кој го поврзува центарот на Ерменија со регионот Нагорно-Карабах.

Нагорно-Карабах се наоѓа на територијата на Азербејџан, но до сега таму живеело мнозинството ерменско население, околу 120.000 Ерменци.

Азербејџанската офанзива и последователното предавање на локалната власт резултираа со масовен егзодус на ерменското население од регионот.

Слични содржини