ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska
138 прегледи

Кредитната банка на ЕУ, Европската инвестициска банка (ЕИБ), привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот.

ЕИБ практично ги запре сите позајмувања за Турција по спорот за бушење на нафта и гас кај Кипар во 2019 година, но сериозноста на земјотресот минатиот месец, во кој загинаа речиси 56.000 луѓе во Турција и соседна Сирија, ја натера да направи исклучок, објави „Ројтерс“.

„Заедно со Европската комисија работиме на заеднички сеопфатен пакет, од кои до 500 милиони евра ќе достави ЕИБ“, најави потпретседателката на банката, Лилијана Павлова.

Слични содржини