Ејупи е вработена во МНР по преземање од Министерството за политички систем, потврди Османи

од Nikola Popovski
187 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево на брифинг со новинарите потврди дека тв презентерката Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи (МНР).

-Во текот на годината од Министерството за политички систем се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи и личноста која што ја спомнувате. Дел од нив во рамки на систематизацијата преку К5 програмата, дел преку директна спогодба. Делумно е точна информацијата, но на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој што е во тек и сите кои што сакаат да работат во дипломатијата, можат тоа да го направат, рече Османи на прес-конференција.

Министерот демантираше дека Ејупи е советник во МНР, бидејќи треба 10 до 15 години во Министерството со многу положени испити и искуство, за да се премине од помлад соработник во советник.

-Не гледам спорно во процесот. Во МНР работат над 450 луѓе. Секој може да се вработи доколку ги исполнува условите за тоа, додаде Османи и уште еднаш повтори:

-Како што се преземени сите, така е направено и во овој случај. Прашање е дали се исполнети условите за позицијата и дали е направено во законска процедура, заклучи шефот на дипломатијата.

Слични содржини