ЕК: Ќе биде одржана меѓународна донаторска конференција за поддршка на луѓето во Турција и Сирија

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Европската комисија и шведското претседателство со Советот на ЕУ на 20 март ќе бидат домаќини на Меѓународната донаторска конференција за поддршка на луѓето во Турција и Сирија, кои неодамна беа погодени од разорен земјотрес, соопшти денеска Европската комисија.

ЕУ ги повикува другите меѓународни партнери и глобалните донатори да покажат солидарност со народот на Турција и Сирија во овие тешки околности и во согласност со обемот и големината на штетата.

Донаторска конференција ќе биде отворена во соработка со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и премиерот на Шведска, Улф Кристерсон, а организирана во соработка со турските власти, земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијални кандидати, соседните и партнерските земји, членки на Г20, како и ОН, меѓународни организации, хуманитарни организации и меѓународни и европски финансиски институции.

Слични содржини