ЕК: Борел утре во Париз на одвоени средби со Вучиќ и Курти

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел престојува во Париз, каде утре како модератор на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, претпладне најпрво ќе се сретне со претставникот на Косово, Албин Курти и потоа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти Европската комисија.

Портпаролот на Борел, Петер Стано, изјави за „Танјуг“ дека шефот на дипломатијата на ЕУ ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, чија цел е да се прошират напорите на Унијата да им помогне на страните да ги намалат тензиите и да постигнат напредок во дијалогот со посредство на ЕУ.

„Тоа се обидуваме да го направиме откако почна последната ескалација меѓу двете страни. Високиот претставник како модератор на дијалогот продолжува со напорите во оваа насока. Неодамна разговараше лично со нив и ова е уште една можност да им се пренесат клучните пораки за да напредуваат во овој дијалог“, рече Стано.

Слични содржини