Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, соопшти Европската комисија, пренесе БНТ.
Брисел не ги коментираше тензиите на границите за време на викендот, велејќи дека не ги коментира тековните истраги или правните постапки.
Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи.
„Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнат непотребни тензии“, соопшти Европската комисија.