Европската агенција за лекови ќе ги стави на располагање клиничките податоци и нејзините проценки на сите кандидати за вакцини против Ковид-19 со цел да се изгради доверба кај јавноста кога станува збор за вакцинацијата.
Европската комисија забележува дека сè уште нема вакцина против Ковид-19 на територијата на ЕУ, која доби одобрение за употреба од Европската агенција за лекови. Се додава дека транспарентноста на процесот и информациите во врска со одобрувањето на вакцините ќе бидат важни заради довербата на јавноста и борбата против дезинформациите.
– Секоја вакцина доаѓа со своја техничка спецификација, која мора да се земе предвид при вакцинацијата. Некои вакцини се подобри да се спречи пренесувањето и затоа се најдобри во вакцинирањето на здравствените работници и сите оние кои имаат контакт со многу луѓе. Другите помагаат да се спречи развојот на болеста и како такво може да биде добри за ранлив дел од населението, вели портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер.
Според претходните најави, Европската агенција за лекови треба да ги издаде првите одобренија за употреба на вакцината против коронавирус во ЕУ до крајот на декември.