ЕК: Фон дер Лајен доаѓа во Скопје за да се обрати пред Парламентот

од Nikola Popovski
135 прегледи

Европската комисија (ЕК) вечерва објави дека претседателката на институцијата Урсула Фон дер Лајен утре ќе биде во посета на Македонија.

-Претседателката утре ќе престојува во Скопје и ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаорвски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во Собранието на Северна Македонија на свечена седница во 13:00 часот по средноевропско време, стои во твитот од ЕК.

Фон дер Лајен е последната од низата на европски лидери и владини претставници како Шарл Мишел и Мануел Сарацин кои во изминативе денови го посетија Скопје им даваат ветер во грб на македонските власти да го прифатат предлогот со кој ќе се отстрани бугарското вето.

Претходно со писма до македонската јавност се обратија и германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот премиер Емануел Макрон, кои исто така изразија поддршка за францускиот предлог.

Слични содржини