ЕК го попари ХАН- значи имало договор за нова влада во документот !

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Европска комисија:

Од Европската комисија негираа дека комесарот Хан рекол оти актуелната влада треба да ги организира наредните избори.

„Не, комесарот не рече дека актуелната Влада треба да ги спроведе предвремените избори. Комесарот Хан го повтори она што беше договорено на средбата во Скопје. Тоа е дека ќе има нови избори во април 2016 година, дека ќе има зајакнување на изборните правила и оти треба да се идентификуваат неправилностите од претходните избори, дека Европската Комисија ќе ги олеснува реформите на законите итн… и оти партиите покажаа подготвеност идната недела да одлучат се организацијата на Владата која треба да ги подготви изборите.“

Од Европската Комисија исто така рекоа дека комесарот побарал партиите на средбата закажана за в среда во Брисел да дојдат со заеднички предлог околу структурата на владата која ќе ги организира изборите.

Тие подвлекуваат дека : „Хан во неговата изјава се осврна на последниот извештај на ОБСЕ во кој се наведуваше дека изборите генерално биле водени добро со слобода во водење на кампањата, но исто така подвлекол дека ОДИХР забележал сериозни пропусти кои сега треба да се исправат.“

Еврокомесарот во Вашингтон истакна дека иако на изминатите избори биле забележани бројни нерегуларности, нив ОБСЕ генерално ги оцени како позитивни.

„Јас сум целосно свесен за ситуацијата во Македонија и имаше многу дискусии меѓу власта и опозицијата за најсоодветното време за нови избори. Секако дека има потреба за нивно подобро спроведување, има некои дефекти, треба да се измени изборниот законик, треба да се прочисти избирачкиот сипсок и неколку други елементи. Од друга страна сакам да нагласам дека последните избори, како и неколку претходни во земјата и регионот беа набљудувани од ОБСЕ и имаше генерално позитивен извештај, во кој беа наведени некои неправилности, но генерално извештајот за изборите што беа одржани во април минатата година беше позитивен“, рече Хан.